понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 44
home Хроника

ОЈО поведе постапка против едно лице – украл незаклучен автомобил

ОЈО поведе постапка против едно лице – украл незаклучен автомобил

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 9 февруари, противправно присвоил автомобил БМВ 330Д, паркиран на улица „Езерци“, вреден 210.000 денари. Откако се уверил дека нема никој во близина, тој влегол преку незаклучената врата на автомобилот и го стартувал со клучот кој бил во возилото, по што го напуштил местото.

За осомничениот 33-годишник, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, ценејќи дека постои реална опасност тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.​

ЕУРО 2020

Македонија