среда, 18. септември 2019. Вести денес: 31
home Хроника

ОЈО бара да се продолжи притворот за обидот за убиство во Хиподром

ОЈО бара да се продолжи притворот за обидот за убиство во Хиподром

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Осомничениот на 24.02.2019 година со умисла се обидел да лиши од живот едно оштетено лице, така што додека седеле на различни маси во дворот на гостилница, без предупредување му пришол на оштетениот, извадил нож од џебот и замавнал. Притоа на оштетениот му нанел тешка телесна повреда – влезно убодна рана во пределот на абдоменот, оштетувајќи му неколку органи. По ова, реагирале други лица кои седеле на масата со оштетениот и осомничениот се оддалечил од местото.

Со оглед на тоа што надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети сите законски основи, до судот достави и посебен предлог за претходно определената мерка куќен притвор против обвинетото лице да се продолжи.