недела, 28. февруари 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Охриѓанец среде епидемија правел семејна веселба со 20 гости, полицијата му тропна на врата

Охриѓанец среде епидемија правел семејна веселба со 20 гости, полицијата му тропна на врата

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ш.К.(47) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 21.11.2020, при извршена контрола во домот на пријавениот, полициски службеници констатирале дека организирал семејна веселба со присуство на 20 гости.

Со тоа, пријавениот постапил спротивно на одлуката и препораката за заштита на здравјето на населението од вирусот ковид-19.

Коронавирус