сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 65
home Хроника

Охриѓанец пронајден мртов на работното место

Охриѓанец пронајден мртов на работното место

Во Полициската станица Охрид, вработен во „Телеком“-Охрид, вчера вечерта пријавил дека на влез во објектот на „Македонски Телеком“ на ул.„Партизанска“ бил пронајден починат М.С.(46) од Охрид, вработен во Агенција за обезбедување,  која била задолжена за обезбедување на објектот.

Од страна на доктор од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство.

Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.