петок, 14. август 2020. Вести денес: 153
home Хроника

Охриѓанец наместо во изолација се степал со сограѓанин- прво му го блокирал патот со автомобил, па физички го нападнал

Охриѓанец наместо во изолација се степал со сограѓанин- прво му го блокирал патот со автомобил, па физички го нападнал

На 08.07.2020 околу 11.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на бул.„Туристичка“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од К.М.(33) врз М.Л.(23), двајцата од Охрид. К.М., иако имал решение од Државниот здравствен инспекторат за одредена мерка „изолација“, го напуштил својот дом и управувал патничко возило по бул.„Туристичка“, со кое му го блокирал патот на М.Л., по што физички го нападнал. По целосно документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коронавирус