недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 63
home Хроника

Охриѓанец ќе одговара за измама, еве што им направил на две лица од Кичево

Охриѓанец ќе одговара за измама, еве што им направил на две лица од Кичево

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.Р.(42) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Тој, во периодот март-мај 2021 година, довел во заблуда 48-годишен маж и 37-годишен маж, двајцата од Кичево и им ветил дека од странство по поволни услови може да им набави работни машини и моторно возило-комби.

За таа цел, оштетените во неколку наврати, на пријавениот му исплатиле 14.700 евра, но услугата не била извршена.

Локални избори 2021