вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 149
home Хроника

Охриѓанец дивеел во казино, нападнато и обезбедувањето

Охриѓанец дивеел во казино, нападнато и обезбедувањето

Утринава во 2:45 часот во казино на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, нарушен бил јавниот ред и мир од страна на Љ.Т.(25) од охридското село Лескоец, кој со рака скршил еден електронски апарат, по што физички го нападнал Г.Д.(41),работник на обезбедување на казиното, кој се обидел да го спречи во понатамошното оштетување на апаратите. Сторителот на нарушувањето е приведен и против него СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.