вторник, 26. септември 2023. Вести денес: 56
home Хроника

Ограбена продавница за накит во Битола, украдени 28 часовници во вредност од 575.000 денари

Ограбена продавница за накит во Битола, украдени 28 часовници во вредност од 575.000 денари

Непознато лице во продавница за часовници и накит на улица „Широк Сокак“ во Битола со тврд предмет го скршил стаклото од излогот и од изложната витрина украл 28 машки часовници во вредност од 575 илјади денари.

Случајот, како што соопшти МВР, бил пријавен вчера во 5 часот изутрината.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.