вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 102
home Хроника

Ограбена џамија во Гостивар

Ограбена џамија во Гостивар

Во Полициската станица Гостивар вчера било пријавено дека на 28.09.2019 околу 10 часот и 30 минути непознати сторители извршиле тешка кражба во џамијата „Риниа“ на улица „Беличица“ во Гостивар.

Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово информира дека според пријавата сторителите со употреба на сила ја отвориле металната кутија за прилози и одзеле пари.

Од полицијата информираат дека се работи на расчистување на случајот.