вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 199
home Хроника

Ограбена црквата „Свети Петар“ во гостиварско, на крадецот ќе му се суди

Ограбена црквата „Свети Петар“ во гостиварско, на крадецот ќе му се суди

На 19.09.2021 околу 11:10 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 42-годишниот Н.А. од гостиварско Врапчиште поради сомнение дека во периодот 18/19 септември извршил тешка кражба во црквата „Свети Петар“ во гостиварска Долна Бањица, при што одзел пари.

Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар, додека Н.А. е задржан во полициска станица за расчистување и документирање на случајот и во текот на денешниот ден со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.

Локални избори 2021