вторник, 3. октомври 2023. Вести денес: 126
home Хроника

Ограбена аптека во Карпош

Ограбена аптека во Карпош

Околу 15.000 денари се одземени синоќа од аптека на булеварот „Партизански одреди“ кај Трговскиот центар „Антико“, соопшти полицијата.

Кражбата ја сторило засега непознато, маскирано лице со нож, а случајот е пријавен во 19:20 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје.

Се преземаат мерки за негово целосно расчистување.