СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.П. од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.
На 30.03.2022, пријавениот, искористувајќи згодна прилика, одзел пари во наплатен пункт во подземен паркинг, сопственост на ЈП „Паркиралишта“ – Струмица.