СВР Битола поднесе кривична пријава против Х.Ф.(41) од с.Горно Строгомиште, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 31.01.2020 во Прилеп, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин.