четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Хроника

Одзел 297.320 денари: Вработен во обложувалница во Лисиче направил измама- еве ги деталите

Одзел 297.320 денари: Вработен во обложувалница во Лисиче направил измама- еве ги деталите

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С.(23) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

Пријавениот, како вработен во спортска обложувалница во населба Лисиче во Скопје, за време на неговата смена, со клучевите кои му биле доверени ги отклучил касите од трите ВЛТ апарати на игри на среќа и од нив ги извадил паричните средства и ги вложил во апаратите.

Откако немал никаква добивка, пријавениот ги отворил апаратите и одзел 297.320 денари.

Коронавирус