вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Одделот за антитероризам во МВР пронајде граната, веднаш ќе биде уништена

Одделот за антитероризам во МВР пронајде граната, веднаш ќе биде уништена

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните, особено жителите на селата Долен и Среден Крушопек, општина Сарај, дека во 16.30 часот ќе биде извршено уништување на неексплодирана граната од минофрлач 120 мм. Гранатата беше пронајдена денеска во дол покрај патот помеѓу селата Долен и Среден Крушопек.

Гранатата е активна и е без осигурувач на запалката. Поради тоа постои опасност за транспорт и гранатата ќе биде уништена на местото од Одделот за антитероризам.

Апелираме до граѓаните да се воздржат од движење на горенаведениот пат во наведеното време.