петок, 30. септември 2022. Вести денес: 168
home Хроника

Од МВР потврдуваат дека на Кајмакчалан загинале двајца планинари

Од МВР потврдуваат дека на Кајмакчалан загинале двајца планинари

Вчера вечер околу 23 часот и 30 минути, на македонската страна на планината Кајмакчалан загинале двајца планинари, потврдуваат од МВР за македонските медиуми.

Најверојатно се работи за млада девојка и младо момче, на возраст од 26 и 35 години од Македонија, кои во 23 часот и 30 минути биле пронајдени мртви.

На местото каде што се пронајдени загинатите има спасувачки екипи кои со сите сили се обидуваат да ги извлечат телата на планинарите.

Временските услови на Кајмакчалан се многу опасни, покрај  снегот , најавени се бури.

Според грчкото планинарско друштво oд Меглен тие биле на грчката страна од планината, а нивните тела биле пронајдени на македонската страна.

Коронавирус