четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 46
home Хроника

Од Македонија во Албанија сакале нелегално да внесат стадо од 182 грла ситен добиток

Од Македонија во Албанија сакале нелегално да внесат стадо од 182 грла ситен добиток

На 29.01.2021 од страна на Пoлициска станица за Граничен премин и граничен надзор „Блато“, во соработка и заедничка акција со албански полициски органи спречено е криумчарење на ситен добиток.

Имено, во 11.30 часот во непосредна близина на Граничен камен Е 16/2, на територијата на Република Македонија, биле забележани две лица кои се обидувале да прокриумчарат стадо од 182 грла ситен добиток преку државната граница од Република Македонија кон Република Албанија. Со заедничка акција со албанските полициски органи лицата се фатени и приведени, а добитокот бил обезбеден. Во консултација со Јавен обвинител од ОЈО  Дебар и Ветеринарен инспекторат во Дебар, по документирање на случајот ќе биде  поднесена соодветна пријава.

ЕУРО 2020

Македонија