петок, 29. јули 2022. Вести денес: 0
home Хроника

Од куќа во Илинден украле чанта со 15.000 евра

Од куќа во Илинден украле чанта со 15.000 евра

Крадци однеле чанта со 15.000 евра од куќа во скопската населба Илинден, информираше МВР.

Според полицијата, кражбата се случила вчера во периодот меѓу 6.45 и 8.50 часот. Како што кажал сопственикот на куќата, Д.М. (30) со своето и семејството на брат му спиеле.

Крадецот влегол во куќата преку незаклучената врата и ја зел чантата со парите. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Коронавирус