вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 4
home Хроника

Обвинителството со информации за сообраќајката во Гостивар: Жената минувала на пешачки, повредите биле смртоносни

Обвинителството со информации за сообраќајката во Гостивар: Жената минувала на пешачки, повредите биле смртоносни

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи врши увид на лице место каде денес околу 13.30 часот се случи сообраќајна несреќа.

-Според првичните сознанија товарно моторно возило удрило во жена на возраст од 65 години, која поминувала на пешачки премин. При тоа на сега починатата и се причинети повреди кои имале смртна последица. Јавниот обвинител нареди обезбедување и прибирање на траги од лице место. Наредено е и вршење на сообраќајно техничко вештачење и обдукција на починатото лице. Воедно побарани и обезбедени се видео записи од околните камери, се вели во соопштението на Обвинителството.

Возачот се наоѓа во полициска станица и се преземаат дејствија за утврдување на фактите во предметот.​