недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 49
home Хроника

Обвинителството бара притвор за возачот осомничен дека усмрти полицаец

Обвинителството бара притвор за возачот осомничен дека усмрти полицаец

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, кое е осомничено дека сторило кривични дела – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300, како и – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 од Кривичниот законик.

На 21.04.2019 година, на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, патничко моторно возило управувано од осомничениот удрило во двајца полициски службеници. Од тежината на повредите на лице место еден од полициските службеници починал, а другиот се здобил со телесни повреди. Возачот потоа продолжувајќи со управувањето со возилото удрил во друго патничко моторно возило во кое биле три лица и на сите им нанел телесни повреди. Возилото продолжило со движење, но од брзината и ударите се превртело, при што и осомничениот се здобил со телесни повреди.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот суд во Куманово достави и Предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Коронавирус