четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Oбвинителство: Теофиловски се повика на судскиот имунитет

Oбвинителство: Теофиловски се повика на судскиот имунитет

Основното јавно обвинителство потврди дека судијата Зоран Теофиловски, член на Судскиот совет кој не беше достапен и за кого во текот на вчерашниот ден е побарано да му биде определена мерка притвор, денеска самоволно се појавил пред Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје.

Во текот на денешното рочиште, судијата Теофиловски се повикал на судскиот имунитет, известува обвинителството, по што судијата на претходна постапка го одложил рочиштето за да согласно законските одредби се обрати до Судскиот совет и да побара симнување на имунитетот.

По добивање на известувањето за одлуката на Судскиот совет постапката ќе продолжи.

Воедно, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ценејќи дека со вчера определените мерки за куќен притвор и мерки на претпазливост се поттикнуваат сторителите на кривичните дела и понатаму да извршуваат кривични дела, до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје доставило жалби по решенијата на Судијата на претходна постапка.

Коронавирус