сабота, 17. април 2021. Вести денес: 14
home Хроника

Обвинет дилер кој криел дрога во својот автомобил

Обвинет дилер кој криел дрога во својот автомобил

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 38-годишник, на 13 ноември, во своето возило Субару форестер неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 109,59 грама, како и 42,42 грама амфетамин. Најпрвин, при преглед на возилото, на задното седиште била пронајдено помало полиетиленско пакување со амфетамин. Потоа при претрес и по детекција со службено куче, во импровизирана преграда во контролната табла, под радиото на автомобилот, била пронајдена останатата дрога.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетиот, бидејќи се уште постои опасност од криење и бегство, како и можност тој да го повтори делото.​

Коронавирус