четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 185
home Хроника

Обвинение заради трговија со дрога​

Обвинение заради трговија со дрога​

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд достави Обвинителен акт против 29 – годишен жител на село Дуброво, Неготино, поради сторено кривичното дело – Неовластено протизводство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот во домот и помошните простории во местото каде живеел неовластено заради продажба држел 39.533,4 грама наркотична дрога марихуана. Дрогата, која службени лица ја пронашле при претрес извршен на 5 ноември 2020 година, била спакувана во 41 пакување во најлонска фолија, залепени со бела трака и скриени на повеќе места во близина на домот на осомничениот, во помошна просторија – шупа.

Со поднесување на обвинението, а за да се овозможни натамошно непречено одвивање на постапката, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци достави и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетиот.

Локални избори 2021