четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Обвинение за скопјанец поради поседување на килограм марихуана

Обвинение за скопјанец поради поседување на килограм марихуана

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик.

-На 9 октомври, полициски службеници го забележале обвинетиот во близина на село Грачани како управува моторцикл без регистарски таблици и го запреле за да извршат легитимирање. Обвинетиот се дал во бегство, но бил совладан од полициските службеници. При извршениот личен претрес, под тренерката му била пронајдена една кеса со наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 1010 грама. Обвинетиот 22-годишен скопјанец дрогата ја набавил и ја држел неовластено заради продажба, информираат од Обвинителството.

Со оглед на тоа што и натаму постојат околностите заради кои на обвинетиот му беше определена мерка притвор, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за продолжување на притворската мерка.