недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 39
home Хроника

Обвинение за обид за тешка кражба пртив косовски државјанин

Обвинение за обид за тешка кражба пртив косовски државјанин

Против 35-годишен државјанин на Република Косово Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

На 28 март, обвинетиот насилно го откорнал прозорецот од задната страна и влегол во куќа на улицата „Анте Хаџи Митков“, па од подрумските простории се обидел да одземе предмети – обувки вредни 12.000 денари. Притоа полициски службеници го забележале и го спречиле во намерата.

Поради опасност од бегство на обвинетиот кој е странски државјанин, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор определена од судијата на претходна постапка. ​​

ЕУРО 2020

Македонија