недела, 26. септември 2021. Вести денес: 78
home Хроника

Обвинение за недозволено поседување автоматска пушка и муниција

Обвинение за недозволено поседување автоматска пушка и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи според член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 34-годишник, на 31 август, во домот во кој престојувал на улицата „Александар Бујунов“ во Скопје држел автоматско оружје – пушка Калашников АК-47, како и две рамки со 41 куршум од калибар 7,62Х39 мм. Станува збор за оружје кое на граѓаните им е забрането, а било пронајдено при претрес во домот на обвинетиот.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.​​

Коронавирус