понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 0
home Хроника

Обвинение за маж кој поседувал оружје​

Обвинение за маж кој поседувал оружје​

Основното јавно обвинителство Гостивар  поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Кај обвинетиот 38-годишник додека престојувал во угостителски објект, на 8 февруари 2020 година, при претрес од овластени службени лица пронајден е  пиштол марка „Застава“ модел М 57 и  9 куршуми со калибар 7,65 мм. ​

ЕУРО 2020

Македонија