вторник, 4. август 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Обвинение за кражба на икони​

Обвинение за кражба на икони​

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 42-годишен скопјанец, кој го сторил кривичното дело „тешка кражба“ од член 236 став 1точка 1 од Кривичниот законик.

Истовремено, јавниот обвинител му предложил на Судот, на обвинетиот да му ја продолжи веќе определената мерка притвор, бидејќи постои опасност од бегство.

– Обвинетиот го сторил кривичното дело на 8 јули 2020 година, во 22.00 часот, кога провалувајќи влегол во внатрешноста на црквата Св. Петка Исконска, сопственост на МПЦ Скопска епархија, на начин што со употреба на погоден тврд предмет го отворил прозорот на црквата. Тој со намера противправно да ги присвои, одзел икона од светец „Св.Петка Исконска“, икона од светец „Св.Климент“, икона од светец „Св Петка“, икона од светец „Св. Нектарија Египски“ и икона од светец „Св. Илија“. Откако ги одзел иконите, во вкупна вредност од 61.500,00 денари, обвинетиот го напуштил местото на настанот, соопштија од ОЈО. (МИА)

Коронавирус