недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 49
home Хроника

Обвинение за дилер на марихуана

Обвинение за дилер на марихуана

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 41-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 14 декември во попладневните часови, во близина на основно училиште во Шуто Оризари, обвинетиот неовластено заради продажба држел 91,05 грама марихуана. Дрогата, спакувана во бела најлонска кеса, му била пронајдена и одземена при личен преглед.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи постои опасност од бегство и можност да го повтори делото​.

Коронавирус