вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 77
home Хроника

Обвинение за бесправно градење против жител на Гостивар

Обвинение за бесправно градење против жител на Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против 56-годишен гостиварец за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик.

Од втората половина на 2018 година до 27 февруари 2019 година, на сопствено земјиште на улицата „Сретко Крстески“ во Гостивар, обвинетиот градел објект без одобрение за градење издадено од надлежен орган. Притоа, најпрвин купил земјишна парцела, а потоа без да ги обезбеди потребните дозволи, започнал да гради објект – станбена зграда со три ката и подготовка за четврти кат. ​​

Коронавирус