сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 91
home Хроника

Обвинение за 70 годишен маж кој се обидел полово да нападне 10 годишно девојче

Обвинение за 70 годишен маж кој се обидел полово да нападне 10 годишно девојче

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 70 години, кое се товари за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години согласно член 188 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик.

-Обвинетиот, на 7 октомври, на улицата „Индира Ганди“ во Скопје, се обидел да изврши полово дејствие врз 10-годишно девојче. Во тој момент бил забележан од друго лице, кое го турнало обвинетиот на земја, па тој веднаш избегал од местото, информираат од Обвинителството.

По настанот, лицето извесен период не беше достапно на органите на прогонот, но на 29 октомври бил лишен од слобода и започнал да ја издржува определената мерка притвор од судијата на претходна постапка.

Со обвинителниот акт, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и предлог за продолжување на притворската мерка поради опасност од бегство и можност да го повтори делото кое му се става на товар.​​

Коронавирус