понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 177
home Хроника

Објавено видео од кражбата во кафе барот во Јанчиште, каде крадецот влегува покриен со бел чаршаф (ВИДЕО)

Објавено видео од кражбата во кафе барот во Јанчиште, каде крадецот влегува покриен со бел чаршаф (ВИДЕО)

Безбедносните камери во локал снимиле кражба во Тетово. Како што може да се види од снимката, крадец покриен со бел чаршаф на главата како дух од хорор-филм, влегува во кафе-бар во село Јанчиште, од каде што успеал да одземе околу 70.000 денари, објави МКД.мк

Според информации на порталот ова е прва кражба во период од две години колку што работи овој објект.

Додека крадел крадецот бил покриен со бел чаршаф, но надвор од објектот шетал непокриен и бил снимен од безбедносните камери.

Еден агол од безбедносната камера го снимил ликот на крадецот, а пред да влезе во објектот тој се покрива со бел чаршаф, ја отвора вратата од објектот без да ја допира кваката и тргнува по парите.

Неколку дена пред кражбата крадецот бил гостин во објектот и седел до затворањето на местото.

Ги следел вработените што прават и каде го оставаат прометот, како и дали и каде е поставена безбедносната камера. Но очигледно дека не забележал оти камера освен во локалот имало и во надворешниот дел, каде што поминал немаскиран, и по што е идентификуван и фатен. Ги вратил и парите што ги украл.

Локални избори 2021