Двајца обвинители вршат увид на авионот Цесна, кој вчера се урна кај Солунска глава, заедно со екипи на Министерството за внатрешни работи и судска медицина обидувајќи се да ги утврдат причините за авионската несреќа.
Бугарските медиуми пак објавија аудио снимка од дијалогот помеѓу контролорите во Македонија и пилотот кој управувал со авионот.
Имено, во авионската несреќа животот го загуби Георги Бошнаков, сопственик на компанија за рециклирање отпад, неговата сопруга и нивните две деца при што стапил во контакт со контролорите бидејќи почувствувал турбуленции додека управувал со авионот.
Разговорот се одвивал на англиски и македонски јазик, а после неколку разменети информации, контролата на летање од Скопје не добивала повратни одговори од Бошнаков.
-Се обидуваме да избегнеме еден поголем облак, вели Бошнаков.
Може да се прелета над Солунска Глава, нема облаци, сигурно е и чисто со база од над 300 метри над врвот“. „Да, ама пилотот јави дека е турбулентно и го снема од радар, разговараат контролорите.
Целосниот разговор може да го погледнете тука, а делот од разговорот помеѓу Бошнаков и контролорите почнува од 11.36 минута.