петок, 25. септември 2020. Вести денес: 87
home Хроника

Обезбедувачи на дискотека во Велес затвориле гостин во магацин

Обезбедувачи на дискотека во Велес затвориле гостин во магацин

На 01.01.2019 година во СВР Велес Х.К.(22) од Велес пријавил дека истиот ден околу 02:00 часот од страна на Ј.Л.(23) и Б.С.(35), вработени како обезбедување во дискотека лоцирана на улицата “Алексо Демниевски“, бил противправно лишен од слобода.

Имено, од страна на обезбедувањето бил однесен во магацинскиот простор кој се наоѓал во склоп на дискотеката. Таму му упатиле закани и потоа го пуштиле да си оди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус