недела, 11. април 2021. Вести денес: 93
home Хроника

Новинар удрен со тврд предмет на протестот за „Монструм“, завршил во Градска со тешки повреди

Новинар удрен со тврд предмет на протестот за „Монструм“, завршил во Градска со тешки повреди

Б.С. (49) од Скопје, ангажиран како новинар, вчера попладне пријавил дека бил погоден со тврд предмет за време на протестот за случајот „Монструм“.

МВР соопшти дека во полициската станица Бит Пазар вчера околу 17:30 часот Б.С.(49) од Скопје пријавил дека, додека бил работно ангажиран како новинар за време на протестот за случајот „Монструм“, бил погоден со тврд предмет од толпата демонстранти, по што во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ му биле констатирани тешки телесни повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус