понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 82
home Хроника

Нови случаи на запалени возила во Скопје

Нови случаи на запалени возила во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира за случаи на две запалени возила и едно полиено со запалива течност во текот на ноќта на две локации во Скопје.

Во 03.32 часот било пријавено дека на ул.“Рајко Жинзифов“ настанал пожар на патничко моторно возило “ауди А4“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Д.Г.(29) од с.Мршевци при што опожарен бил предниот дел на возилото.

Во 01.02 часот на ул.“Алпи“ во Скопје околу 00.15 часот две непознати лица полиле запалива течност врз паркирано патничко моторно возило“сузуки“ со скопски регистарски ознаки, кое потоа го запалиле, при што возилото било опожарено во делот на десно крило, десно предно тркало и еден дел под хаубата, додека друго паркирано патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки било само полиено со запалива течност но не било запалено. Двете возила се сопственост на С.М.(62) од Скопје.

Од МВР информираат дека извршен е увид и се работи на расчитување на случаите.

Коронавирус