четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 194
home Хроника

Нови детали за жената која утрово беше пронајдена во безживотна состојба – еве што велат од Службата за итна медицинска помош

Нови детали за жената која утрово беше пронајдена во безживотна состојба – еве што велат од Службата за итна медицинска помош

Лекарот од екипата на Службата за итна медицинска помош од Охрид што вршел увид на местото каде утрово беше пронајдено беживотно тело на женско лице констатирал телесни повреди врз главата.

Според информациите од СВР-Охрид, утрово во 8:20 часот С.Д. пријавил дека во куќа во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид ја пронашол почината М.М. (35) од Охрид, со која живеел заедно во куќата.

Екипа на крим-техника на СВР-Охрид извршила увид на лице место, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција. Истрагата и обдукцијата ќе ги утврди околностите и причините за настапувањето на смртта. (МИА)

Коронавирус