недела, 21. јули 2019. Вести денес: 63
home Хроника

Нова тешка сообраќајка на крстосница во Скопје

Нова тешка сообраќајка на крстосница во Скопје

На 12.06.2019 година во 21.50 часот на крстосницата од улица „Војвода Васил Чакаларов“ и улица „Ангел Динев“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Цитроен Ц3“, управувано од О.Ј.(67) од Скопје и мопед „Џианџи-трува“ со скопски регистарски ознаки, управуван од О.К.(50) од Скопје.

Во незгодата, О.К. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош.Увид извршила екипа од СВР Скопје.