среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Хроника

Незапаметен ужас во Македонија: Труп најден во резервоар за гориво- Друг оставен во ќесе

Незапаметен ужас во Македонија: Труп најден во резервоар за гориво- Друг оставен во ќесе

Еден труп е пронајден во резервоар за гориво на камион кај акумулацијата „Турија“, друг во ќесе во скопско Горно Оризари. Два незапаметени хорор настани во ист ден ја потресоа Македонија.

Во првиот случај, во 18 часот вчера, во водите на акумулацијата „Турија“ кај Струмица беше пронајден човечки труп во резервоар за гориво од товарно моторно возило. Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, која инфомираше дека трупот по наредба на јавен обвинител е предаден на судска медицина за да се изврши обдукција и идентификација.

Исто така, вчера вработен во Комуналното претпријатие во Скопје додека патувал кон селото Горно Оризари, наишол на црна пластична кеса со безживотно тело во истата. Алсат јавува дека случајот веднаш бил пријавен во полиција, каде екипи од секторот за внатрешни работи ја подигнале торбата и ја предале на судска медицина. Се работи за безживотно тело на девојка чиј идентитет ќе се утврдува.

Бидејќи нема извештаи за исчезнати лица кои би можеле да бидат поврзани, истрагата за утврдување на возраста и идентитетот ќе продолжи во наредните денови.

Коронавирус