четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 129
home Хроника

Неуспешна кражба во казино во Скопје: Украл пари од каса, но вратата сама се заклучила па крадецот останал заробен

Неуспешна кражба во казино во Скопје: Украл пари од каса, но вратата сама се заклучила па крадецот останал заробен

Во казино на улица „Ангел Динев“ во Скопје, вчера утрото околу 6.15 часот Т.Б. (33) од Скопје влегол во просторијата каде што била вработената Д.М., ѝ се заканил и од касата одзел околу 50.000 денари, од кои 30.000 фрлил кон вработената, а 20.000 денари задржал за себе.

Вработената Д.М. успеала да излезе од просторијата, а лицето останало и вратата сама се заклучила.

Т.Б. е приведен и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Коронавирус