четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 103
home Хроника

Несреќа во Велес: Излетал надвор од коловозот, маж и девојка повредени

Несреќа во Велес: Излетал надвор од коловозот, маж и девојка повредени

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа во Велес, информира МВР.

„Вчера во 05:20 часот било пријавено дека во Велес на улицата „Кумановска“ 46-годишниот А.Н. од Велес управувајќи патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со велешки регистарски ознаки излетал надвор од коловозот.

Во сообраќајната незгода со тешки телесни повреди се здобил возачот, а 20-годишната сопатничка Ј.Т. од Велес се здобила со телесни повреди и биле пренесени во Медицинскиот центар Велес за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес“, објави МВР.