четврток, 13. август 2020. Вести денес: 116
home Хроника

Несреќа во тетовско: Со трактор прегазил 9 годишно дете

Несреќа во тетовско: Со трактор прегазил 9 годишно дете

На 30.06.2020 во 17.20 часот било пријавено дека на локалниот пат во с.Беловиште, тетовско, трактор „ИМТ 539“, со гостиварски регистарски ознаки, со прикачена преса за балирање, управуван од К.Ф.(30) од с.Беловиште, удрил пешак на возраст од девет години од Штип.

-Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Гостивар, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Коронавирус