среда, 28. јули 2021. Вести денес: 178
home Хроника

Несреќа во Скопје – со автомобил прегазил две лица

Несреќа во Скопје – со автомобил прегазил две лица

Две лица се здобиле со повреди откако биле удредни од автомобил во Скопје.

Според информации на МВР, вчера во 09:30 часот на ул.„Нов Живот“ во Скопје, 20-годишниот Ј.М. од Скопје, управувајќи патничко возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, удрило во 55-годишниот М.М. и малолетник од Скопје.

Во незгодата М.М. се здобил со тешки телесни повреди, додека малолетникот се здобил со телесни повреди. Двајцата биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје, каде им била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Коронавирус