четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 132
home Хроника

НЕСРЕЌА ВО СКОПЈЕ: Девојче тешко повредено откако таксист удри во неа

НЕСРЕЌА ВО СКОПЈЕ: Девојче тешко повредено откако таксист удри во неа

Вчера околу 15 часот  во Скопје, на крстосницата на улица “Московска” со улица “Женевска” се случила сообраќајна несреќа.

Како што информираат денеска од МВР, такси-возило “Фиат Линеа“ со скопски регистраски ознаки управувано од В.Б.(57) од Скопје, удрило во 15 годишно лице од Скопје.

Од незгодата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена  во Градска општа болница “8-ми Септември“,

По укажаната лекарска помош, девојчето е задржано на понатамошно лекување.

Коронавирус