вторник, 16. јули 2019. Вести денес: 93
home Хроника

Несреќа на македонските патишта: Мотоциклист изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот

Несреќа на македонските патишта: Мотоциклист изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот

Мотициклист се здобил со тешки повреди откако изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот, информира МВР.

Вчера во 18:50 часот било пријавено дека во Кочани на улицата ,,14-та Бригада“ 42-годишниот В.Е. од Кочани управувајќи моторцикл ,,Хек 110“ со кочански регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на коловозот при што се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница –Кочани за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот бил извршен од увидна екипа од Полициската станица Кочани.