сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 26
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Што мисли Заев за Црвенковски и колку е Заев богат?

home Хроника

Несреќа на автопатот Св.Николе – Скопје: Возач починал откако бил притиснат од автомобилот

Несреќа на автопатот Св.Николе – Скопје: Возач починал откако бил притиснат од автомобилот

На автопатот Св.Николе – Скопје, синоќа околу 01:30 часот пред наплатна станица Миладиновци, патничко возило „Ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(58), застанало и Б.К. излегол од возилото.

-Во еден момент возилото се придвижило наназад и со задниот дел го притиснало Б.К. во банкината на патот, по што починал на местото на незгодата, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Парламентарни избори 2020