петок, 18. септември 2020. Вести денес: 101
home Хроника

Непознати сторители насилно влегле во три викендички во тиквешко

Непознати сторители насилно влегле во три викендички во тиквешко

Непознати сторители насилно влегле во три викендички деновиве во Тиквешко, потврди за МИА портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

– Се работи за две викендички кај росоманското село Сирково и една кај Тиквешко Езеро. Според првичните согледувања, во два од објектите била причинета помала материјална штета, а во една од викендиците било пријавено оштетување од околу петстотини евра, појасни Додевски.

Тој нагласи дека се утврдува висината на материјалната штета и интензивно се трага по оние кои насилно влегле во викендичките.

Коронавирус