понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 162
home Хроника

Непознати лица се движеле кон влезот на касарната Илинден, стражарот испукал предупредувачки куршум

Непознати лица се движеле кон влезот на касарната Илинден, стражарот испукал предупредувачки куршум

На 06.10.2021 во 22.40 часот во СВР Скопје, дежурниот старешина во касарна Илинден пријавил дека стражар – војник, кој бил на стражарско место од страна на ул.„Македонско- косовска бригада“, испукал еден предупредувачки куршум откако кон неговото стажарско место се движеле две машки лица, кои не застанале и продолжиле со движење и по неговото предупредување, по што слушнал неколку истрели од страна на лицата.

Полициски службеници излегле на местото и била пронајдена една чаура.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Локални избори 2021