среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 100
home Хроника

Неофицијално: Едно лице загина во тешка сообраќајка на патот Неготино – Демир Капија

Неофицијално: Едно лице загина во тешка сообраќајка на патот Неготино – Демир Капија

Сообраќајна незгода се случи попладнево на патот Неготино – Демир Капија, кај село Тремник. Иако сведоци велат дека се работи за сериозна несреќа со една жртва, од МВР се уште не соопштуваат детали.

Полицијата за МИА вели дека се судриле џип „хјундаи” и „голф”, но не дава повеќе информации зашто се уште врши увид.

Од Здравствениот дом – Неготино, пак, за МИА потврдија дека две возила и двајца доктори се на терен.

Сообраќајот на местото на несреќата е пренасочен.

 

Коронавирус