четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 138
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Хроника

Немирна ноќ во Скопје: Нападнати четири лица

Немирна ноќ во Скопје: Нападнати четири лица

Околу 03,30 часот во Скопје, 26-годишна жена од Скопје пријавила дека пред угостителски објект во селото Марино била физички нападната од нејзиниот дотогашен партнер, 31-годишниот Ј.К. од Скопје, поради тоа што ја прекинала врската.

Во 20.15 часот 46-годишниот Б.Ц. од Скопје, пријавил дека околу 13.00 часот на булеварот ,,АСНОМ“ во Скопје, неговата малолетна ќерка физички била нападната од М.А. од Скопје.

Во 04.10 часот 20-годишниот А.А. од Скопје, пријавил дека на улицата Горно Лисиче пред угостителски објект физички бил нападнат од едно лице.

Исто така, околу 04.25 часот 18-годишна девојка пријавила дека во населба Илинден пред пекара била физички нападната од С.М. со кого се познавала од претходно и имале недоразбирања во неколку наврати.

Се работи на расчистување на случаите.

Коронавирус